Лука Дончиќ игра неверојатно на стартот на новата сезона во НБА лигата, а пофалби за неговата игра има и неговиот соиграч Леброн Џејмс.
Џејмс кој своето деби во 23 сезона во НБА го имаше на мечот против Јута, вели дека Словенецот е прв кандидат за МВП.
„Кога имате играч од калибар на МВП, кандидат како Лука, кој го прави она што го прави оваа година, тогаш немам притисок да доминирам офанзивно додека тој игра на тоа ниво. Кога Лука го прави она што го прави во пик-ен-ролот, кога привлекува толку многу играчи околу себе, можам малку да се повлечам, да почекам топката да циркулира. Така доаѓа моето време, па ја фаќам мојата игра. Можам да играм четири на три, три на два и да ги пронајдам моите момци, бидејќи тие секогаш се отворени“, рече Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

