Иако Леброн Џејмс уште еднаш покажа дека им пркоси на годините и постигна 30 поени во победата на Лејкерси од 111-103 над Њу Орлеанс, Кралот беше јасен за хиерархијата во тимот.
„Лука не мора да ја менува својата игра поради мене. Лука е ‘рбетот на нашата франшиза, има 26 години и е иднината на овој тим. Од нас останатите зависи да ја прилагодиме нашата игра на него и да го најдеме вистинското решение“, рече Леброн.
Џејмс нагласи колку квалитетите на Дончиќ влијаат на целиот тим.
„Се обидуваме да бидеме динамични и да играме според неговите силни страни. Тој е одличен играч на пик-ен-рол, исклучителен шутер и постојано го привлекува вниманието на одбраната. Честопати има четири, а понекогаш и шест очи на него. Од нас зависи правилно да се позиционираме. За мене тоа не е проблем и не го гледам како пречка“, заврши Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

