ЛА Лејкерс загуби лесно и убедливи со 109-80 на гостувањето против Минeсота, меч на кој Леброн Џејмс целосно потфрли, постигнувајќи 10 поени со шут од поле 4/16.
Џејмс беше особено катастрофален при шутот од далечина, не погаѓајќи ниту една тројка од вкупно четири обиди. Со тоа, Леброн ја продолжи серијата слаби шутерски настапи, врзувајќи четири меча во низа во кои не успеал да погоди за три поени.
Тој имаше 0/2 со Сан Антонио, потоа четири промашувања против Оклахома Сити, на дуелот со Јута шутна девет тројки и не погоди ниту една, па заедно со четирите против Минесота стигна до 0-19 (0-24 ако се земат во предвид и петте претходни промашувања во низа од мечот на кој Леброн ја погоди својата последна тројка)
Вакво нешто му се нема случено на Леброн Џејмс уште од 2017 година, а едно е јасно – за ЛА Лејкерс да влезе во победничка серија неопходно е „кралот“ што поскоро да се разбуди од својот шутерски сон.
LeBron just airballed a 3… something isn’t right 😬 pic.twitter.com/LwPUWw4oEp
— Lakers All Day Everyday (@LADEig) December 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА