Лос Анџелес лејкерс претрпе уште еден убедлив пораз во НБА-лигата, овојпат на гостувањето против Њу Орлеанс каде „езерџиите“ загубија со убедливи 129-109. Леброн Џејмс одигра уште еден одличен меч реализирајќи 34 поени и осум асистенции, но ниту тоа не беше доволно за да се избегне ново фијаско на тимот од Ел-Еј. Инграм и Вилијамс беа клучни фигури во победничкиот состав, постигнувајќи по 26 поени за Њу Орлеанс.
Оклахома Сити го декласираше пред своите гледачи составот на Бруклин со 124-108, Гилџус Александер постигна 24, а Гиди 20 поени за победничкиот состав.
Феникс по голема борба славеше над Орландо со 112-107, трета победа во низа за „сонцата“ во чии редови најефикасен повторно беше Кевин Дурант со 31 постигнат поен.
Резултати НБА:
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 129-109, Оклахома Сити – Бруклин 124-108, Сан Антонио – Бостон 101-134, Мемфис -Сакраменто 92-123, Феникс – Орландо 112-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

