Леброн Џејмс уште долго ќе го памети последниот дуел со Кливленд, не поради убедливиот пораз на ЛА лејкерс на овој натпревра, туку по големиот гест на неговиот поранешен клуб.
Кливленд пред мечот објави прекрасно „трибјут видео“ во чест на Леброн, при што „кралот“ не можеше да ги сокрие солзите, по што уште повеќе се интензивираа најавите дека тој на крајот од оваа сезона ќе објави дека ќе ја заврши кариерата.
Што се однесува до самиот меч, Кливленд ночекувано лесно стигна до победата, и тоа со фуриозното второ полувреме што домашниот тим го доби со 72-44. Мичел со 25 и Тајсон со 20 поени беа најефикасни во победниччкиот тим, додека Дончиќ имаше 29 поени, 5 скокови и 6 асистенции.
Сан Антонио како гостин ја совлада екипата на Хјустон со 99-111 во дуел во кој импресивен беше Вембињама со 28 поени и 16 скокови,
Бостон загуби дома од Атланта со 106-117, селтикси ја загубија првата четвртина со огромни 18-38, по што не успеаја да се вратат до самиот меч и претрпеа заслужен пораз.
Резултати НБА:
Кливленд – Ла Лејкерс 129-99, Индијана – Чикаго 113-110, Бостон – Атланта 106-117, Мајами – Орландо 124-133, Торонто – Њујорк 92–119, Мемфис – Шарлот 97-112, Далас – Минесота 105-118, Јута – Голден Стејт 124-140, Хјустон – Сан Антонио 99-111.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

