Доналд Трамп ги загуби претседателските избори во САД, а нов претседател на најмоќната држава во светот ќе биде Џо Бајден. Голем број од најголемите ѕвезди од уметноста и спортот во САД отворено беа против Доналд Трамп, а најгласен меѓу нив беше најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс.
Тој на спектакуларен начин ја прослави победата на Бајден и упати нова провокација кон Доналд Трамп. Тој легендарната фотографија од финалето во 2016 и неговата блокада над Андре Игудала ја објави на својот профил, а наместо неговиот лик и тој на Игудала ги стави ликовите на Бајден и Трамп.
— LeBron James (@KingJames) November 7, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА