Леброн трагичар, Милвоки подобар од Лејкерс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс запишаа втор пораз во низа во НБА лигата сезонава откако синоќа загубија на домашен терен од Милвоки бакс со 101-105.

Трагичае за езерџиите беше Леброн Џејмс кој не успеа да ги реализира последните два напада на неговиот тим. Јанис Адетокумбо со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудни беа 26 поени на Леброн Џејмс.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бостон – Торонто 125-117, Орландо – Филаделфија 91-103, Вашингтон – Њу Орлеанс 107-128, Бруклин – ЛА Клиперс 105-121, Мемфис – Оклахома 116-117, Денвер – Атланта 87-110, Феникс – Њујорк 112-107, Голден стејт – Сакраменто 137-103 и Портланд – Хјустон 111-105.

Се вчитува...