Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, се осврна на победничкиот шут на Лука Дончиќ против Денвер Нагетс, половина секунда пред крајот на продолжението, кој донесе победа од 127-125за Лејкерси.
Тој го заврши натпреварот со 30 поени, 13 асистенции и 11 скока, запишувајќи го својот 11-ти трипл-дабл во сезоната.
„Видов дека ќе ме удвојат, отидов на лев чекор. Ова го направив неколку пати во мојата кариера, верував во мојот шут“, рече Дончиќ.
Леброн Џејмс, не ги штедеше пофалните зборови за Лука.
„Одличен шут од генерациски играч. Сакавме уште еден последен шут. Ја дадовме топката во рацете на вистинскиот човек. Ова е само првиот од многуте натпревари што ќе ги решава во дресот на Лејкерс“, рече Џејмс.
LUKA. CLUTCH. pic.twitter.com/slrRwgyZZy
— Los Angeles Lakers (@Lakers) March 15, 2026
Дончиќ е презадоволен од публиката во Лос Анџелес.
„Чувствував дека ова е најдобрата атмосфера откако сум во Лејкерси. Сите навивачи беа таму, беше посебно да се биде дел од ова. Се надевам дека ќе има повеќе од ова, навистина се ежев од атмосферата. Беше неверојатно да се види и доживее ова“, вели Дончиќ.
Лејкерси сега се трети на Западот со скор од 42-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

