Лука Дончиќ немаше некоја славна партија синоќа во поразот на Далас од ЛА Лејкерс. Но, ако ништо друго, ќе остане запаметена неговата „двојна банана“ против Леброн Џејмс во првата четвртина.
„Кралот“ по натпреварот ја прокоментира блокадата на Словенецот нарекувајќи го невидлив човек…
„Па, тој е фантом… Не го видов, се појави од никаде“ – кратко прокоментира Леброн по синоќешниот натпревар кој го заврши со одлични 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА