Управата на Лече утрово му врачи отказ на Роберто Д’Аверса по срамниот потег на овој тренер кој по вчерашниот меч со Верона го нападна противничкиот фудбалер Томас Хенри.
Д’Аверса беше жестоко критикуван за непрофесионалниот однос што кулминираше со вчерашниот инцидент, по што денешната разделба е сосема очекуван след на настаните.
„По случувањата по завршувањето на мечот Лече – Верона, сакаме да објавиме дека тренерот Роберто Д’Аверса е ослободен од функцијата“, објави италијанскиот прволигаш.
🟡🔴 Serie A side Lecce have decided to sack the manager Roberto d’Aversa after he headbutted Verona striker Thomas Henry yesterday. pic.twitter.com/ipAzOcbYbq
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА