Лече и Калјари одиграа натпревар од 19. коло во Серија „А“ кое заврши без победник 1-1. За победата може да жали тимот на Лече, кој при 1-0, можеше лесно да стигне најмалку до предност од три гола, но не ги искористи своите шанси.
Гендреј во 31. минута донесе домашна предност, а промашувањата на Лече ги казни Ористанио во 68. минута од средбата.
Лече собра 21 бод, додека Калјари во моментов има 15 бодови, и на кратко се искачи над опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА