Битката за опстанок во италијанската Серија „А“ заврши нерешено. Лече и Венеција одиграа 1-1 на општо задоволство на двата тима, кои грчевито се борат за опстанок.
Лече е во нешто подобра позиција, додека Венеција е во опасната зона, и ако беа поразени од овој меч, тогаш нивниот опстанок ќе беше сведен на теорија.
Венеција како гостин прва имаше водство со автогол на Гало, додека Баскирото во 65. минута донесе еден бод за домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА