Лече се раздели со тренерот Готи

Италијанскиот калчолигаш Лече му ја врачи оставката на досегашниот тренер Лука Готи по ремито на домашен терен со Емполи (1-1).

Само девет бода од 12 натпревари го чинеа Готи работа, па клубот ќе бара друго решение на клупата.

Лече сега е 18. на табелата, а подобар е само од Венеција и Монца, но би можел да падне на самото дно во случај на позитивни резултати на споменатите два клуба во оваа рунда.

„Лече информира дека г-дин Лука Готи е разрешен од должноста тренер на првиот тим. Му благодариме на Готи за работата, професионализмот и посветеноста што ја покажа и му посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во кратката порака на клубот.

Готи беше од март на клупата на тимот од стадионот „Виа дел Маре“.

Се вчитува...