Лече во 94. минута се спаси од пораз против Болоња

Лече и Болоња ремизираа со 2-2 во 5. коло од италијанското првенство благодарение на голот на Камарда во четвртата минута од судиското продолжение од второто полувреме.

Домаќините стигнаа до предност уште во 13. минута од средбата со голот на Кулибали, а гостите изедначија во 45. минута со голот на Орсолини од пенал.

Одегард донесе предност за Болоња во 71. минута по што гостите се наоѓаа и пред триумф, но голот на Камарда длабоко во судиското продолжение од второто полувреме беше доволен за реми.

 

Се вчитува...