Ледеј изненади: Најдобриот тренер со кој што соработував не е Жељко Обрадовиќ

Поранешниот кошаркар на Партизан, Зек Ледеј кој помина три сезони заедно со Жељко Обрадовиќ во „црно-белите“ редови се врати во Белград за натпреварот помеѓу неговиот Милано и Црвена Звезда и имаше интересна изјава која ги изненади многумина.

Американецот потенцираше кој е најдобриот тренер со кој соработувал, а тоа не е најтрофејниот европски кошаркарски стратег, туку Милан Томиќ, сегашниот директор на Црвена Звезда кој одредено време помина во Милано како заменик на Еторе Месина.

„За мене лично Томиќ е најдобриот тренер кој сум го имал. Секој ден беше до мене, ме предизвикуваше да бидам подобар човек, подобар играч, подобар во се. Од првиот ден кога го запознав чувствував дека ми е како постар брат, како вујко. Секогаш е добро кога ќе го видам. Чудно е кога е на спортивната страна, но јас го сметам за дел од фамилијата“, изјави Ледеј.

Се вчитува...