Кошаркарите на Партизан триумфираа со 83-89 на гостувањето против Будуќност во Подгорица во 25. коло од АБА лигата.
Натпревар исклучително важен за двете екипи, затоа што пред дуелот и двете екипи беа израмнети со по 18 победи и шест порази, и победникот, во овој случај Партизан, сега го обезбеди второто место на табелата по лигашкиот дел од Јадранската лига.
Натпреварот мина главно резултатски израмнет иако Партизан во текот на сите четири четвртини главно имаше предност контролирајќи ја и играта и резултатот. Во неизвесна завршница пресудија одличните Зек Ледеј, кој се врати кај црно-белите по отсуството поради смртта на неговиот татко, и Кевин Пантер кои го одведоа Партизан до победата.
Токму Ледеј со 22 поени беше најефикасен кај Партизан, а Пантер мечот го заврши со 19 поени и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА