Леганес и го зема скалпот на Барселона

Барселона претрпе тежок пораз во 17. коло од шпанското првенство откако на домашен терен загуби од Леганес со 0-1.

Стрелец на единствениот гол беше капитенот Серхио Гонзалез кој ја затресе мрежата уште во 4. минута од средбата.  Заслуга за победата оди и на рака на српскиот голман Марко Дмитровиќ кој беше на врвот на својата задача.

За Барселона тоа е четврти пораз во сезоната, втор во последните пет натпревари. Каталонците остануваат на првата позиција на табелата со 38 бодови, но имаат и натпревар повеќе од Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...