Барселона го израмни рекордот на Реал Сосиедад од 38 натпревари без пораз во Примера откако каталонскиот гигант славеше со 3-1 над Леганес, зацврстувајќи се на првото место на табелата.
Во главна улога беше Лионел Меси, кој со хет-трик уште еднаш потврди дека се наоѓа во топ-форма, но и дека Леганес е еден од омилените „пациенти“ на Аргентинецот. Тој ја отвори серијата со еврогол од слободен удар, а потоа уште два пати се запиша меѓу стрелците, стигнувајќи до бројката од седум гола на досегашните четири натпревари против Леганес.
Барса со оваа победа стигна до 79 бода, дури 12 повеќе од Атлетико Мадрид, во пресрет на градското дерби што тимот на Диего Симеоне ќе го игра утре против Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА