Душан Влаховиќ е еден од најбараните фудбалери во Европа. Српскиот интернационалец блеска веќе две сезони во дресот на Фиорентина каде досега запиша 37 гола само во италијанското првенство, а во потрга во амбициозен клуб се поизвесно е дека ќе ја промени средината.
Дваесетиедногодишникот одби да потпише нов договор со клубот од Фиренца па останува да видиме каде ќе заврши. За неговите услуги се интересираат европските великани, но легендата на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге за младиот играч има друг совет.
„Влаховиќ е одличен играч. Мојот совет е да не брза со одлуката за заминување од Фиренца бидејќи парите секако нема да му побегнат. Игра во добра екипа каде може неверојатно да напредне. Проектот на Роко Комис е одличен и ќе донесе резултати во следните сезони“, порача Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА