Легенда: Меси на прагот да урне уште еден рекорд (ФОТО)

Аргентина го осигура своето место во четвртфиналето на Копа Америка откако ја совлада селекцијата на Парагвај со 1-0 со голот на Папу Гомез. Дополнителен мотив за славје по завршување на натпреварот имаше легендарниот Лео Меси кој со овој настап се изедначи со Маскерано на врвот на листата по одиграни натпревари за „гаучосите“ со 147 настапи.

Меси првиот натпревар за Аргентина го одигра на 17. август 2005 година кога Аргентина со 2-1 ја совлада репрезентацијата на Унгарија, а 33-годишникот веќе до крајот на првенството ќе постави нов рекорд по одиграни натпревари.

Се вчитува...