Легенда: Модриќ соборува рекорд стар 58 години

Лука Модриќ на првенствениот натпревар од 10. коло во шпанското првенство во кој неговиот Реал Мадрид гостува кај Селта Виго ќе има шанса да надмине рекорд старт 58 години.

Имено, на 19. октомври легендарниот Хрват ќе има 39 години и 40 дена па доколку добие шанса на средбата во Виго ќе го надмине рекордот на Ференц Пушкаш кој со 39 години и 36 години е рекордер на славниот „кралски“ клуб кога станува збор за најстар фудбалер кој настапил на една средба.

Модриќ веќе надмина еден рекорд на Пушкаш кога станува збор за настап на најстар играч во европските натпреварувања. Притоа оваа сезона стана и рекордер по бројот на освоени трофеи со 27 зад своето име.

Се вчитува...