Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг одново се најде во центарот на јавноста поради лошите резултати кои ги бележи неговиот тим. Во дербито на 6. коло во Премиерлигата „црвените ѓаволи“ беа прегазени од Тотенхен со 1-3 по што следеа лавина на критки.
Една од нив упати и легендата на клубот, Гери Невил кој целата своја професионална кариера ја помина во Манчестер Јунајтед и со клубот освои 20 трофеи.
„Апсолутна срамота. Најверојатно едно од најлошите први полувремиња под Тен Хаг. А, тоа говори нешто. Тој не може да верува што гледа. Јас не можам да верувам што гледам. Ужасно е. Одвратно. Станува збор за основи. Јунајтед изгледаше како да е разбиен на делови. Најверојатно постојат аматерски тимови кои ќе одиграа подобро од Јунајтед. Кафански фудбал“, вели Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА