Дократниот Ол-стар играч Ајзеа Томас, изрази желба да се приклучи на некоја евролигашка екипа. Томас на социјалните мрежи непосредно после завршувањето на натпреварот помеѓу возбудливиот меч помеѓу Монако и Реал Мадрид, откри дека не би имал ништо против да се пресели во Европа.
Потоа доби одговор од неколку играчи, кои го повикаа да дојде и да се проба.
„Размислувам да одам во Евролигата. Само сакам да играм“, напиша Томас на „Икс“.
Набрзо му стигна одговоро од Малком Дилејни.
„Забавно е. Најдобра атмосфера на светот“, кракто Дилејни ги објасни причините поради кои Томас треба да повлече таков потег.
Томас одбележа еден период од НБА, кога во дресот на Бостон доминраше на паркерите. Во сезоната 2016/17 заврши како петти во гласањето за најкорисен играч на лигата, пред повредите да му ја забават кариерата.
36-годишниот Томас во моментов игра за Солт Лејк Сити Старс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

