Баер Леверкузен направи целосен ремонт на тимот по бројните заминувања летово, а новиот тренер Ерик тен Хаг ќе има тешка задача за кратко време да состави екипа што би се борела за висок пласман во Бундес-лигата.
За остварување на таа цел тој бараше искусен играч кој би му бил продолжена рака на теренот, за на крајот да успее да го ангажира долгогодишниот фудбалер на Реал Мадрид, Лукас Васкез. Шпанецот освои се што можеше да се освои со Реал, но исто како и Лука Модриќ не доби нов договор од Флорентино Перез и летово како слободен играч си замина од „Сантијаго Бернабеу“.
Тој имаше бројни понуди од САД и од Саудиска Арабија, но желба му беше да остане во европскиот фудбал, во меѓувреме го одби Жозе Мурињо со Фенербахче, за на крајот да донесе одлука кариерата да ја продолжи во поранешниот првак на Германија.
Сите детали е договорени и Васкез денеска ќе потпише двогодишен договор со Баер, но се очекува тој дебито за новиот клуб да го има по репрезентативната пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

