Искусниот голман од Костарика, Кејлор Навас, оваа есен можеше да стане фокус на интересот на фудбалската јавност, откако Барселона се распрашуваше за неговите услуги, и покрај тоа што остави длабока трага во дресот на Реал Мадрид во изминатата деценија.
Актуелниот голман на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс доби изненадувачки повик од нивниот некогаш голем ривал во октомври, бидејќи повредата на Тер Штеген беше од таква природа што Барселона мораше веднаш да реагира.
Од неколкуте голмани кои влегоа во оптек, а изборот падна на Војчех Шчесни, Навас изгледаше како сериозен кандидат, но договор не беше постигнат и покрај тоа што Костариканецот бил горд на понудата.
„По повредата на Тер Штеген, моето име беше во кругот на кандидати за голман на Барселона. Го повикаа мојот агент, но уште од самиот почеток беше јасно дека се работи за комплицирана приказна. Сепак, јас бев поласкан што ја прифатив поканата на Барселона, бидејќи со години бевме големи ривали”, изјави Навас.
Меѓутоа, доколку првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше од другата страна на жицата, Навас немаше да има проблем повторно да се обиде на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
„Да ми се јавеше Перез, со задоволство ќе ја прифатев поканата. Целта ми беше да останам во Реал Мадрид до крајот на кариерата. Кога си заминав, не се водев од емотивни причини, туку од строго фудбалски принципи, бидејќи времето за играње ми се намали по доаѓањето на Тибо Куртоа. Ако само го слушав срцето, ќе останев во Реал Мадрид до крајот на кариерата“, рече Навас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА