Холандскиот прволигаш Фејенорд кој неодамна се пласираше во осминафиналето од Лигата на Шампионите елиминирајќи го Милан се очекува наскоро да нов тренер да го добие легендарниот Робин ван Перси, пренесуваат англиските медиуми.
Поранешниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед во моментот е дел од Херенвен, но постигнат е договор помеѓу два клуба, како и со Холанѓанецот за превземање на тимот во најбрзиот можен рок.
Како потсетување, Фејенорд остана без првиот тренер Брајан Приск кој беше отпуштен поради лоши резултати, а него привремено го наследи Паскал Боскарт, меѓутоа раководството на клубот него не го гледа како постојана замена.
Ван Перси важи за легенда на Фејенорд каде ја започна и заврши славната кариера па оваа одлука наиде и на големо задоволство кај навивачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

