Легенда смисли лудо правило за крај на „неподносливата“ НБА

Начинот на игра во НБА лигата се почесто е мета на критичарите кои не се задоволни со преголемиот број на обиди за три поени на натпреварите велејќи дека првенството станува „неподносливо“.

Актуелниот шампион Бостон Селтикс е оној кој упатува најголем број на вакви обиди на еден натпревар, дури 48.3 во просек, а постигнува само 17.9 што е незадоволни 37 отсто.

Овој тренд сега го коментираше и Ајзеа Томас, легендата на Деторит Пистонс кој со овој клуб освои две шампионски титули. За решение на проблемот тој смисли „лудо“ правило.

„Постои една работа која би ја променил во НБА. Сите говорат за шутот за три поени. Сите играчи денеска доаѓааат до линијата за три поени и шутираат. НБА лигата е лига на шутери, но имаме поголем број промашувања отколку погодоци. Тоа не е добро и влијае на изгледот на играта“, вели Томас.

„Би поставил минимум и максимум број на обиди за три поени по натпревар. Максимум околку 25 до 30, а минимум околку 10 до 15. Тренерите ќе одлучат кога ќе се шутира. Сериозно размислувам на оваа тема. Некогаш лигата беше интересна“

Се вчитува...