Легенда: Цезар Азпиликуета влезе во „клубот 500“ на Челси

Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета на натпреварот против Ливерпул го одигра својот јубилеен 500-ти меч во „синиот“ дрес. Шпанскиот репрезентативец со тоа влезе во одбрано друштво во кое се уште имиња како Харис, Бонети, Тери, Лампард и Холинс.

Бекот кој е дел од Челси од 2012 година и со клубот освои 12 трофеи меѓу кои и еден во Лигата на Шампиони не го криеше задоволството велејќи дека е горд, почестен и понизен.

„Навистина сум горд, почестен и понизен што стигнав до 500 натпревари во „синиот“ дрес. Никогаш не обрнував внимание на индивидуални достигнувања, тимот е нешто што секогаш ме носело нанапред. Сепак, привлилегија е да се најдеш меѓу одбрана група на легенди. Нивното значење и нивното наследство за клубот ќе остнаат вечни. Немаше да ја достигнам оваа бројка доколку немав доверба од клубот, менаџерите и соиграчите кои секој ден работат напорно за да го направат Челси најуспешниот клуб во светот. Сакам да се заблагодарам на поддршката која ја имав од првиот ден кога дојдов во клубот. Без разлика дали е во добро или лошо ние сме заедно и многу сум благодарен за тоа. Горд сум што сум „син““, напиша Шпанецот на социјалните мрежи.

Се вчитува...