Легендарен Белгиец ќе му биде соиграч на Миовски во Џирона

Легендарниот белгиски фудбалер Аксел Витзел се наоѓа пред трансфер во шпанскиот прволигаш Џирона за кој настапува и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, пренесуваат шпанските медиуми.

Искусниот 36-годишник ќе и се приклучи на Џирона како слободен играч откако истече неговиот договор со Атлетико Мадрид за кој настапуваше последните три години забележувајќи 116 настапи.

Витзел богатата кариера ја започна во Лиж по што настапуваше и за Бенфика, Зенит, Тијанџин, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...