Легендарен европски клуб згаснува: Навивачите шокирани!

Тажни и тешки вести од југот на Европа. Клубот кој има и шампионската титула во Португалија, а играше и во Лигата на шампионите, Боависта, е пред згаснување откако минатата сезона испадна од најсилната лига, но не доби лиценца за играње во Втората португалска лига.

Едноставно, клубот е во финансиска дилема што не може да овозможи натпреварување ниту во аматерските редови на португалскиот фудбал, па доби наредба од Врховниот суд во Португалија да биде згаснат затоа што ги исцрпи сите рокови за да најде инвеститор или да понуди план за излез од кризата.

Во 2001 година, Боависта сензационално ја освои титулата португалски шампион. Така, тие станаа само вториот клуб по Белененсе – шампион на Португалија, а надвор од големата тројка Порто, Бенфика, Спортинг.

Клубот го освои португалскиот куп пет пати и португалскиот Суперкуп во три наврати. Од оваа сезона се обидоа да играат во административната лига, која е поделена на четири ранга. Прво беа одбиени за четвртиот ранг, а потоа за петтиот, шестиот и седмиот ранг на португалскиот фудбал.

Се вчитува...