Легендарниот португалски фудбалер Пауло Футре и даде татковски совет на ѕвездата на Барселона, младиот Ламин Јамал. Во последните месеци, талентираниот фудбалер го привлече вниманието на јавноста и медиумите повеќе поради своите објави на социјалните мрежи и развратниот живот отколку поради она што го покажува на теренот.
Пауло Футре, легендата на Атлетико Мадрид, му даде исклучително необичен совет на Ламин.
„Ламин Јамал ќе биде најдобриот играч на светот, но треба брзо да си најде девојка. Кога ја запознав мајката на моите деца, тогаш станав професионален фудбалер 100 проценти. Не излегував како порано. Станав поодговорен и почнав да носам поголема тежина во соблекувалната на Порто“, изјави Футре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

