Легендарен ирачки фудбалер почина од коронавирус

Легендарниот ирачки фудбалер, Ахмед Радхи, единствениот човек кој има постигнато гол на Светско првенство за земјата со 38 милиони жители, почина во 57. година од животот од коронавирус. Како што објави тамошното министерство за здравство, Радхи пред една седмица бил примен во болница во Багдад откако бил позитивен на коронавирусот. Сепак, лекарите процениле дека неговото здравје е солидно и во четвртокот го пуштиле на домашно лекување.

Меѓутоа, само што стигнал дома, на Ахмед Радхи состојбата многу му се влошила, итно бил вратен во здравствената установа, а три дена подоцна и починал.

Ахмед Радхи е единствениот стрелец за Ирак на светските првенства. Тој погоди против Белгија во поразот од 2-1, на Светското првенство во Мексико во 1986 година.

Од пандемијата на коронавирусот во Ирак има потврдени 29.222 случаи, од кои починале 1013 луѓе, меѓу нив и славниот ирачки фудбалер Ахмед Радхи.

 

Се вчитува...