Легендарниот напаѓач на Астон Вила Гери Шо е во тешка состојба по повредата на главата предизвикана од пад и итно е пренесен во болница, објави во понеделникот Би-Би-Си.
Шо помина една деценија играјќи за гигантoт од Бирмингем, со кој стана шампион на Англија во 1981 година. Следната година го освои Купот на европските шампиони, како и Суперкупот по двомечот со Барселона.
63-годишниот Англичанец постигна 79 гола на 213 натпревари за Вила, а играше и за Блекпул, дански КБ, Австрија Клагенфурт, Валсал, Килманрок, Шрусбери Таун и Ернест Борел во Хонг Конг. Играчката кариера ја заврши во 1992 година, а беше член и на репрезентацијата на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА