Легендарниот поранешен шпански тенисер Алекс Кореча со пофални зборови говореше за српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.
Шпанецот кој настапуваше од 1991 до 2005 година освојувајќи 17 трофеи пред тренерската кариера во која беше селектор на Шпанија и личен тренер на Енди Мари го нарече Србинот „Господар на времето“.
„Ѓоковиќ е „Господар на времето“. Точно знае што треба да направи во секој момент. Но, за да го направите тоа мора добро да го познавате вашето тело и вашата игра. Мора точно да знаете што да направите во даден момент. Ѓоковиќ тоа го прави совршено што е многу тешко. Не е лесно да немате натпревар месец и пол, а потоа да се појавите и да бидете подготвени. Мора да прифатите дека првите неколку денови нема да играте добро бидејќи протиниците се натпреварувале додека вие сте седеле дома. Не е исто и доколку само тренирате“, изјави Кореча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

