Легендарен српски кошаркар уапсен на протестите против Вучиќ (видео)

Долгогодишниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Владимир Штимац, бил уапсен доцна синоќа за време на протестите против власта на чело со Александар Вучиќ.

Штимац цела година гласно ја критикува работата на актуелната власт во Србија, а синоќа се најде во центарот на Белград како поддршка на мајката на еден од загинатите во трагедијата во Нови Сад, која почна штрајк со глад.

Полицијата реагира и уапси 37 лица меѓу кои се најде и Штимац, кој наводно е обвинет за „поттикнување на уривање на уставниот поредок“.

Апсењето на Владимир Штимац во центарот на Белград можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...