Легендарна американска кошаркарка става крај на кариерата

Легендарната американска кошаркарка, Сју Брд ја игра својата последна сезона во кариерата. Таа најави дека на крајот на сезонава во ВНБА лигата ќе се прости од кошарката.

Брд ја игра својата 21. сезона во најсилната женска кошаркарска лига на светот. 41-годишната кошаркарка ќе остане запаметена како една од најдобрите на сите времиња. Освои пет златни медали со репрезентацијата на САД на Летните олимписки игри, четири титули во ВНБА и пет во Евролигата.

Целата кариера во ВНБА ја помина во екипата на Сиетл Сторм, а лидер е во историјата на лигата во асистенции (3.114).

„Одлучив ова да биде мојата последна сезона. Ја сакав секоја минута. Ја играм мојата последна сезона, како што оваа мала девојка ја играше првата“, напиша Брд. 

 

Се вчитува...