Легендарна дружба на Корчула која го обедини Балканот: Ѓоковиќ со специјална порака за Модриќ (ВИДЕО/ ФОТО)

Многу светски ѕвезди ги користат своите летни одмори за да го посетат хрватскиот брег, а оваа година хрватските острови се посебно една од главните дестинации за туристите.

Многу спортисти исто така уживаат на Јадранот, а вчерашната средба што се одржа на Корчула стана главна тема низ целиот Балкан. Фотографијата што се појави на социјалните мрежи ги воодушеви сите. Хрватските фудбалери Лука Модриќ и Матео Ковачиќ вчера беа домаќини на Новак Ѓоковиќ и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кои престојуваа на Корчула.

Тие привлекоа големо внимание на плажата каде што беа фотографирани, но покрај сè, имаа време и да ги поздрават собраните фанови.

Главна тема е потегот на Ѓоковиќ кој реши да ги изненади Модриќ и Ковачиќ со подароци. Тој им подари сувенири како подарок што ги имаше со себе, а тоа се дресовите со кои играше на Вимблдон. Ѓоковиќ ги потпиша дресовите и имаше пораки за хрватските играчи. Сепак, она што го напиша на маицата што му ја подари на Модриќ особено ја воодушеви јавноста.

@draganivanjica1980 Novak Đoković sa Modrićem, Kovačićem i Čeferinom u Hrvatskoj! ⚽️🤝🎾 Jako posle podne na Korčuli! 😃💥 #novakdjokovic #lukamodric #mateokovacic #ceferin #croatia ♬ original sound – Dragan🇷🇸

„За големиот Лука од дното на моето срце како спомен. Се најдобро брате“ – напиша Ѓоковиќ.

Кога станува збор за маицата што му ја подари на Ковачиќ, на неа пишуваше: „За Матео од срце. Ти посакувам се најдобро“.

Патем, тие ја поминаа средбата во еден бар на плажа на островчето Вела Ступа во близина на Корчула…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moro Beach Stupe (@back4moro)

Се вчитува...