Легендарната „Џиро Д’Италија“ во 2025 ќе се вози и околу Охридско езеро!

Според најавите во дел од италијанските медиуми легендарната велосипедска трка „Џиро Д’Италија“ следната година би можела да се вози и во Албанија како нејзина почетна дестинација.

Италијанските медиуми веќе ја објавуваат и рутата на трката која би се возела и околу Охридското езеро од албанска страна, во делот од Ќафасан до Поградец и Тушемиште, по што продолжува кон Корча.

Согласно најавите, првата етапа од „Џиро Д’Италија 2025“ би почнала од Тирана, а првите три етапи би биле во Албанија, по што потоа се сели на свој терен во Италија, почнувајќи од Бари.

Се вчитува...