Легендарната фудбалерка на САД осудена поради конзумирање на алкохол!

Хоуп Соло, која беше голманка на американскиот женски фудбалски тим од 2000 до 2016 година и важи за една од најдобрите фудбалерки на 21 век, полицијата во САД ја осудила за возење под дејство на алкохол.

Поранешната светска и олимписка шампионка е уапсена во Северна Каролина пред неколку месеци, откако била пронајдена во несвест и под дејство на алкохол на паркинг пред супермаркет, додека нејзините двегодишни близнаци биле со неа и останале сами на задното седиште.

Очевидци тогаш изјавиле дека Соло еден час била во онесвест во автомобилот, со вклучен мотор, додека децата седеле на задното седиште. Нивото на алкохол во крвта и било три пати поголемо од дозволеното, кога полицијата ја тестирала.

Соло (40) е санкционирана со казна од 30 дена која веќе ги одлежала бидејќи била на рехабилитација во центар за рехабилитација. Соло дополнително ќе мора да плати и нешто повеќе од 3.000 долари за казни и судски трошоци. Покрај тоа, Соло добила и условна казна од 24 месеци.

 

Се вчитува...