Легендарната генерација на Јунајтед се обединува во Салфорд и Бекам меѓу сопствениците

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација и на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, им се приклучува на соиграчите од легендарната генерација ’92 и станува дел од сопствениците на нисколигашот Салфорд. Тој ќе поседува 10 проценти од клубот и сега е заедно со Гери и Гил Нефил, Рајан Гигс, Пол Сколс и со Ники Бат. Сега „класата ’92“ поседува 60 проценти од клубот, останатите 40 проценти му припаѓаат на сингапурскиот бизнисмен Петер Лим.

Бекам веќе поседува фудбалски клуб, американскиот Интер Мајами кој од 2020 година ќе се натпреварува во МЛС лигата.

Фудбалската асоцијација треба да го одобри сопствеништвото на Бекам, а Гери Невил веќе најави дека тој ќе присуствува на некој од следните натпревари на Салфорд. Клубот е третопласиран во петтата лига во Англија и има шанса од следната сезона, првпат во историјата  да се искачи еден ранг погоре.

 

Се вчитува...