Легендарната југословенска атлетичарка Вера Николиќ се наоѓа во кома откако доживеала мозечен удар. Таа во четвртокот доживела мозочен удар, што довел и до застој на срцето. Нејзиниот син Дејан Чашиќ за српските медиуми вели дека на Вера и се слошило во Крушевац и веднаш била префрлена во болница во Белград.
„Реанимирана е и оперирана во Белград. Спречено е понатамошно крвавење и во моментов е во индуктивна кома“, вели Дејан.
Таа е единствена светска рекордерка во Југославија, а два пати беше европска шампионка на 800 метри (1966 и 1971). Четири пати беше прогласена за најдобра спортистка на Југославија.
Američka glumica Shirley Temple i atletičarka Vera Nikolic na beogradskom aerodromu 1968 godine pic.twitter.com/DSBGr022uZ
— Misko Misko (@todDM53izjASpRe) June 17, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА