Една од најдобрите австралиски пливачки на сите времиња, Кејт Кембел, објави дека ја завршува кариерата откако не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз.
Кембел изјави дека „време е официјално да се збогува со сонот за кој сонувала како деветгодишно дете“, објави Би-Би-Си.
Минатата недела на државните квалификации во Бризбејн, 32-годишната Кембел не успеа да се квалификува на своите петти Игри. Таа се обидуваше да влезе во тимот на 50 и 100 метри слободно.
Кембел е освојувачка на осум олимписки медали, од кои четири златни, а во текот на кариерата седум пати го соборуваше светскиот рекорд и е една од најпознатите спортистки во Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА