Легендарната ски-скокалница заминува во историјата!?

Овој месец треба да заврши сезоната во ски-скокови, а викендов на 21 и 22 март ќе се гледаат скоковите во Викерсунд, а потоа од 26 до 29 март и скоковите на легендарната Планица во Словенија.

Претходно беа на програмата скоковите во Соло, на легендарната скокалница „Холменколен“. Вториот ден беше одбележан со силен ветер, по што се заврши во една серија. Исто така посетеноста беше катастрофална, по што светската скијачка федерација (ФИС) размислува да не се одржува натпреварувањето во овој центар.

„Гледањето на натпреварите од Светскиот куп во Холменколен со речиси празни трибини е навистина болно. Легендарното место на скијачките спортови е далеку од она што треба да биде. Фактите се дека никаде во Европа посетеноста не е толку ниска како овде.“, рече Јан-Ерик Албу, спортскиот директор на норвешката репрезентација.

„Да бидеме искрени, со години гледаме предупредувачки знаци. Ова не е ништо ново. Верувам дека мора да се осмелиме да ги промениме работите. И мора да го направиме тоа сега или ќе го изгубиме Светското првенство“, истакна Албу.

ФИС ги заостри критериумите, тие бараат најидеални места за скокови, како во однос на инфраструктурата, така и во однос на временските услови.

Традицијата и историјата повеќе не играат силна улога, па ќе видиме каква судбина ја чека легендарната скокалница во Осло.

Се вчитува...