Новото засилување на германскиот гигант Баерн Минхен, Мајкл Олис ова лето го помина со олимписката репрезентација на Франција која ја предводеше до големото финале на Игрите.
Селекторот на Франција, легендарниот Тијери Анри не ги криеше импресиите од младиот фудбалер велејќи дека најдоброто од него допрва доаѓа.
„Знаете дека не сакам да се фокусирам на само еден играч, но преизненаден сум од се што може тој да направи и тоа што го правеше на турнирот. Има невиден квалитет кој никој до сега не го видел. Мислам дека најдоброто од него допрва доаѓа“, вели Анри.
Анри и Олис не успеаја да се закитат со олимписко злато откако во големото финале по продолженија беа поразени од Шпанија со 3-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА