Легендарниот Аца Петровиќ за прегратките со Обрадовиќ: „А, кога ќе се сетам…“ (ВИДЕО)

Легендарниот хрватски кошаркар, Аца Петровиќ сподели фотографии со Жељко Обрадовиќ од нивната последна меѓусебна средба.

Петровиќ пред два дена присуствуваше на мечот меѓу Цибона и Партизан во Загреб кој им припадна на црно-белите со 74-87.

А, по дуелот, старите познаници срдечно се поздравија на паркетот во салата „Дражен Петровиќ“.

„А, кога ќе се сетам какви само битки водевме пред 35 години“ – напиша Петровиќ на Твитер.

Добро се познати нивните пресметки од дуелите на Цибона и Партизан пред 35 години.

Се вчитува...