Легендарниот Батум и кажа збогум на репрезентацијата на Франција

Настапот на Летните олимписки игри кои изминатите денови се одржаа во Париз беше последен за легендарниот Николас Батум во дресот на репрезентацијата на Франција, потврди самиот тој.

Батум со Франција го освои сребрениот медал на Игрите во Париз со што ја зголеми колекцијата на медали која досега броеше шест.

„Ова беше мојот последен натпревар во овој дрес. Поминав 15 години во него и настапив на четири Светски првенства, четири Евробаскети и четири Олимписки игри. Го направив тоа што требаше да го направам, освоив седум медали. Пресреќен сум“, изјави Батум по финалето против САД.

Триесетипетгодишиникот сепак останува во професионалната кошарка. Тој во новата сезона се враќа во редовите на ЛА Клиперс, тимот за кој настапуваше и од 2020 до 2023 година.

Се вчитува...