Легендарниот италијански кошаркар Марко Белинели на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави емотивна порака која наговестува крај на една ера и заминување во пензија на 39-годишна возраст.
Белинели објави повеќе фотографии од кошаркарски терен, написи во весници, колекција на дресови од богатата кариера како и значајни фотографии низ истата со порака „Нема ништо поубаво“.
View this post on Instagram
Италијанецот минатата сезона настапуваше за Виртус Болоња со која ја освои титулата во шампионатот на Италија и уште тогаш даде дознаење дека нема подобар начин за крај на кариерата во која уште настапуваше со успех и за: Голден Стејт, Торонто, Њу Орлеанс, Чикаго, Сан Антонио, Сакраменто, Шарлот, Атланта и Филаделфија закитувајќи се и со шампионскиот прстен во НБА во 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

