Леонардо Бонучи би можел да биде уште една легенда на Јувентус која ќе се врати во клубот. Киелини е веќе таму, но неговата улога ќе биде променета, тој ќе ја извршува дел од работата за која беше задолжен Франческо Калво, човекот што ја презеде Астон Вила.
Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини, заедно со спортскиот директор Кристијано Џунтоли, вечераа во Рим претходно оваа недела и како што објави „Тутоспорт“, сигурно е дека Бонучи ќе биде во тренерскиот штаб на Јувентус за следната сезона.
Бонучи е асистент во репрезентацијата на Италија до 20 години, а сега го очекува нов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

