Легенарниот голман од Босна и Херцеговина, Асмир Беговиќ се наоѓа пред камбек во Премиерлигата каде со успех настапуваше повеќе од една деценија забележувајќи 256 настапи за Портсмут, Стоук, Борнмут и Евертон.
Последната сезона 37-годишникот ја помина во второлигашкиот ранг на англискиот фудбал настапувајќи за Квинс Парк Ренџерс, а сега е пред камбек во Евертон за кој воедно го забележа последниот настап во најелитниот ранг.
Според доброупатениот Фабрицио Романо тој ќе потпише едногодишен договор со клубот од „Гудисон Парк“, преговорите се веќе завршени и само се очекува официјализирање на потписот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА