Легендарниот Брајан Лаудруп по 10 години успеа да ја победи тешката болест!

Поранешниот дански репрезентативец Брајан Лаудруп успеа да се излечи од рак на крв по десет години борба. На Лаудруп во 2010 година му беше дијагностициран фоликуларни лимфом кој е споро растечки облик на рак на крвта.

„Денеска по 10 години лечење и прегледи, конечно сум излечен од фоликуларен лимфом. Големо благодарам на овој неверојатен и прекрасен медицински персонал во Ригшхоспитал“, напиша Лаудруп. 

Лаудруп одигра 82 натпревари за репрезентацијата на Данска на кои постигна 21 гол.

 

Се вчитува...